19 Декември, 2025
0.1794

МВР контра Независниот полициски синдикат

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2018 13:53

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла како неточни тврдењата изнесени на прес-конференцијата на претставниците на Независниот полициски синдикат околу наводното неспроведување на активностите за набавување на нова опрема за полициските службеници.

- Точно е дека претходното раководство на МВР десет години не набавувало униформи, но веднаш по доаѓањето на новото раководство на МВР беа преземени мерки за решавање на овој проблем, наведува МВР во демантот. 

Во соопштението се наведува дека со Планот за јавни набавки на МВР, за 2018 година предвидени се вкупно 18 постапки за набавка на униформа и делови на униформа, кои Одделот за општи и заеднички работи при МВР ги има започнато согласно процедурите за набавка соодветно на видот на постапките.

- Во изминатиот период беше извршена набавка на комплет униформа за припадници на ЕСЗ за урбани средини, како и комплет униформа за рурални средини; ремени за сите полицајци, комплет униформа за воздухопловниот персонал. Исто така потпишани се договори за набавка на зимска опрема (панталони, здолништа, кожни ракавици, како и наменски ракавици за сообраќајната полиција и слично) што ќе биде испорачана до крајот на овој месец, како и дел од опрема (џемпери), наведува Министерството.

Натаму се додава дека постапките за набавка на високи специјални чизми и маици за припадници на МВР се во тек и треба да завршат до крајот на годината. 

- Покрај ова, во интерес на задоволување на итните потреби од основна униформа за 1.200 припадници на полиција со статус - помлад полицаец кои поради затекнатите претходни состојби, односно недостиг од униформи ја користат работната униформа од обуките, во итна постапка беа набавени по 1.200 пара/парчиња маици со кратки ракави, кошули, кратки јакни, вратоврски и опасачи, а во текот на наредните денови се чека испорака на чевли и панталони, по што оваа опрема ќе биде поделена на нововработените полицајци, наведува МВР во демантот до јавноста.

МВР додава дека покрај овие тековни активности за комплетно опремување на полициските службеници, се спроведуваат и активности за инфраструктурно и техничко подобрување на условите за работа на полициските служби, за што претходно веќе ја инфомирале јавноста


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината