МВР купува 120 возила „пежо 408“
Објавено во: Македонија 02 Август, 2025 16:59
Министерството за внатрешни работи како најповолна понуда за набавката на 120 возила за потребите на полицијата ја избрала таа на „Еуроимпекс“. Известувањето е објавено на интернет-страницата на Бирото за јавни набавки, но тоа треба да се официјализира со потпишување на договор.
Изборот е направен по електронската аукција која се одржала вчера, а на која се натпреварувале три компании.
Во трката биле победничката „Еуроимпекс“ која настапила со моделот „пежо 408“, „Јосифов“ која настапила со моделот „шкода октавија“ и „Екселиор Холдинг груп“ со ,,мазда 3″. Победничката понуда, таа на „Еуроимпекс“, била околу 202 милиони денари. Во евра, тоа е околу 3,27 милони вкупно, или околу 27 250 евра по возило. За споредба, почетната понуда и за „пежо 408“ и за „шкода октавија“ била околу 31 500 по возило. Почетната цена за „мазда 3“ била околу 33 200 евра, објави „360 Степени“.
„За јавната набавката на 120 возила за потребите на МВР до крајниот рок за поднесување на понуди, доставени се понуди од тројца економски оператори со вредност од 232 740 000 денари (3,77 милиони евра н.з.) до 245 348 800 денари 3,97 милиони евра“, информирале од министерството.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




