МВР купува нови климатизирани „марици“ за 815.000 евра! Кој ќе се вози во нив?
Објавено во: Македонија 03 Март, 2023 11:01
Секоја од новите „марици“ чини над 40.000 евра. Интервентните возила се климатизирани, имаат безбедносни камери и, меѓудругото, се опремена дури и со УСБ приклучоци. При набавката е планирано детално па дури има и грејачи на ретровизорите. Климатизиран ќе биде и просторот за притворените лица.
Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе набави 20 интервентни комбиња, популарно познати како „марици“. Официјалните податоци достапни на веб страницата на Бирото за јавни набавки покажуваат дека МВР ќе купи 20 комбиња од марката „Рено“ кои ќе ги користи за присилно приведување на проблематични осомничени лица или хулигани кои го кршат јавниот ред и мир и пружаат отпор.
Секоја од „мариците“ чини 35.500 евра без ДДВ. За сите 20 комбиња за приведување МВР ќе плати над 815.000 евра.
Согласно со тендерската постапка „Аутомотив Груп“ од Скопје како носител на набавката целосно го покрива и гарантниот период од 2 години што значи дека ќе овозможи редовно одржување кое вклучува замена на филтри и моторно масло, сет ребраст каиш. Воедно носителот на набавката во гарантниот период дава 2 годишна гаранција и на сите вградени елементи, уреди и ентериер на возилото кои се предмет на доработка.
На овој тендер се јавиле три компании понудувачи, а планираната вредност на набавката била 1,24 милиони евра со вклучен ДДВ. Вредноста на набавката е за 44 отсто пониска од планирната вредност на набавката. Покрај „Аутомотив Груп“ на тендерот се јавиле и „Мој дилер“ и „Еуроимпекс“ ДОО.
Повеќе детали за оваа набавка и за новите „марици“ се достапни на следниот лни https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/d439f80d-7b46-4198-a959-0cedcd05c809
Какви ќе бидат најновите „марици“ во флотата на МВР?
„Мариците“ се произведени 2023 година, со дизел агрегат, ЕУРО 6, од 2.300 кубици кои произведуваат сила од 99 киловати. Возилата ќе бидат со шест брзини, ќе тежат до 3,5 тони. Новите интервентни возила ќе бидат опремени со системите: АБС, ЕСП и АСР, електронска блокада на диференцијал и систем за помош при возење на угорница.
Мариците ќе бидат климатизирани, ќе имаат централно далечинско заклучување, серво волан, ЛЕД светла, две воздушни перничиња за возачот и совозачите на предна клупа, сензори за паркирање, борд компјутер, магленки и грејачи на ретровизорите кои се подесуваат електронски.
Климатизација ќе има и за приведените лица, а во делот каде тие се сместени ќе има безбедносни камери, за штитени од можно кршење.
Можеби ќе ве интересира
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето




