16 Декември, 2025
0.0526

МВР нарача налепници, не менуваме регистарски таблички ! Колку чинат НМК налепниците?

Објавено во: Економија 14 Декември, 2023 15:27

Добивај вести на Viber

Според бројот на регистрирани автомобили, камиони, автобуси, скутери, трактори и други превозни средства за набавка на налепници МВР ќе треба да издвои половина милион евра. Пар налепници во зависност од димензиите чинат од 29,5 до 41 денар

Министерството за внатрешни работи (МВР) склучи договор за набавка на нови регистарски таблици, но и на налепници за регистрациите на кои ознаката МК ќе се замени со НМК.

Според официјалните податоци кои се достапни и објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки достапни на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/6db99bb2-f46a-4cb2-82d8-51a31ae8f924 во спецификацијата за тендерот има и четири типа налепници за регистарските таблички кои се разликуваат според димензиите.

Еве ги цените на налепниците. За првиот тип со димензии 99х42 милиметри цената за пар налепници (предна и задна таблица) е 35 денари. За другиот тип налепници со димензии 85х40 милиметри цената ќе биде 41 денар. Третиот тип на таблички се со цена од 35 денари исто како и првиот тип, но со димензии 63х37 милиметри. И четвртиот тип налепници се најмали со димензии 48х18 милиметри па затоа се и со најниска цена. Таа изнесува 29,5 денари за две налепници. Сите цени се со вклучен ДДВ.

Според тоа колкав е бројот на регистрирани автомобили, автобуси, камиони, скутери, трактори и други превозни средства вкупното учество на налепниците во вредноста на набавката реално достигнува и до половина милион евра.

Засега нема информација која ќе биде продажната цена на налепниците, но таа сигурно нема да биде пониска од набавната цена во тендерот.

На овој тендер МВР набави и регистарски таблички за возила, а вкупната вредност на набавката е 2,3 милиони евра. Според понудата која е дадена во прилог на договорот за јавна набавка пар регистарски таблици за возило (образец бр.1) чинат 637 денари со вклучен ДДВ.  

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Неофицијално: Се предлага зголемување на цената на струјата за 6 отсто

Неофицијално: Се предлага зголемување на цената на струјата за 6 отсто

ТИТАН Усје: Во 2026 година продолжуваме со инвестиции во дигитализација и декарбонизација и очекуваме раст на продажбата

ТИТАН Усје: Во 2026 година продолжуваме со инвестиции во дигитализација и декарбонизација и очекуваме раст на продажбата

Најдобрите пензиски системи во светот – што покажува индексот и каде е Македонија

Најдобрите пензиски системи во светот – што покажува индексот и каде е Македонија

Комплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст

Комплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

Екстра непотрошени 15 милиони евра од буџетот одат за „Бехтел и Енка“

Екстра непотрошени 15 милиони евра од буџетот одат за „Бехтел и Енка“

СЕ УСЛОЖНУВА ПОСТАПКАТА ЗА КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ ОД ЕУ: Без овој документ не се надевајте да се подновите со ново возило

СЕ УСЛОЖНУВА ПОСТАПКАТА ЗА КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ ОД ЕУ: Без овој документ не се надевајте да се подновите со ново возило

Германија е во шок, ова никогаш не се случило: Фолксваген ја затвора својата домашна фабрика за прв пат по 88 години

Германија е во шок, ова никогаш не се случило: Фолксваген ја затвора својата домашна фабрика за прв пат по 88 години