19 Декември, 2025
0.0525

МВР објасни зошто не дава информации за бегството на Груевски

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2018 14:15

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи не дава информации за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, пред да добие азил во Унгарија, затоа што во моментов Обвинителството за организиран криминал истражува евентуални пропусти кај надлежните органи, велат од таму за Дојче Веле.

Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал веќе најави  предистражната постапка за бегството на Груевски за тоа дали има пропусти во врвот на МВР, во Бирото за јавна безбедност и во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Од полицијата велат дека заради предистражната постапка со која и тие се опфатени, нема да споделуваат информации во јавноста: ниту од интерна истрага за евентуални пропусти и незаконитости во рамки на МВР, ниту други сознанија. 

Рускоска најави дека одговорноста ќе се истражува и во СЈО зошто не побарале мерки за Груевски по изрекувањето на пресудата, а на тапет е и судијата за извршување санкции од Основниот суд Скопје 1. 

Единствена индиција што им е позната засега на медиумите дека Груевски подготвувал бегство од двегодишната затворска казна е извесувањето кое банките по службена должност треба да го направат откако на 6-ти и 7-ми септември од негови сметки подигнал над 100.000 евра. Нема јавно потврдени податоци кога целосно ги испразнил сите 35 банкарски сметки во шест деловни банки во врендост од околу 200.000 евра

Обвинителството нема да излегува со информации додека не дојде до конкретни докази каде е пропустот.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината