Добивај вести на Viber
МВР денеска обелодени дека во вчерашниот обид за грабеж на експозитура на деловна банка на Бит Пазар на улица Цветан Димов учествувале две лица, од кои едното било малолетно, а при тоа од огнено оружје било пукано во блиндор стакло.
„На 16.12.2024, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(27) и еден малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 13.00 часот во филијала на една банка на подрачјето на Чаир се обиделе за извршат разбојништво, при што од огнено оружје испукале неколку куршуми кон блиндор стаклото, но не повредиле никој. Веднаш потоа, во близина на местото бил затекнат А.А., а по преземени мерки бил пронајден и малолетникот и кај него бил пронајден нож“, објави полицијата.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава
Ограбувачите биле фатени набрзо, но и по денешната официјална информација на полицијата останува нејасно дали разбојниците одзеле плен.