19 Декември, 2025
0.0476

МВР: Уапсените полицајци не спречиле активирање на пиротехниката во „Пулс“

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2025 13:52

Добивај вести на Viber

МВР објави дека во периодот од 14.03.2025 до 16.03.2025 на територија на СВР Штип уапсените 13 полициски службеници и функционери сториле кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.
Против нив е поднесена кривична пријава, а јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против приведените.

„Имено, тие како соизвршители не постапиле според прописите за мерките за заштита - одобриле План за акциска контрола на угостителски објекти на подрачјето на Полициската станица Кочани без да проверат дали истиот ги има опфатено сите проверки во надлежност на МВР и дали се запазени одредбите од Стандардните оперативни процедури за проценка и управување со ризик при вршење на полициски работи. 
По овој план, кој бил изготвен врз основа на претходно изготвени планови, без какви било измени, било постапено и на 16.03.2025 на место каде што биле собрани поголем број на луѓе - кабаре „ПУЛС“. Исто така, не преземале мерки да спречат активирање на пиротехничка опрема на сцената каде настапувала музичка група во моментот кога ја вршеле контролата, а чие палење не било пријавено во Полициската станица Кочани и како последица на палење на пиротехниката настанал пожар во дискотеката „ПУЛС“. На овој начин, со не преземање мерки за заштита на присутните лица и поради несоодветните услови за работа, во текот на акциската контрола настанал пожар во кој починале 62 лица, а 157 лица се здобиле со потешки телесни повреди, a 54 телесни повреди“, објави МВР.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот