МВР уште не може да му влезе во трага на бизнисменот Сеад Кочан
Објавено во: Македонија 11 Март, 2017 12:28
Бизнисменот Сеад Кочан уште не им е достапен на органите на прогонот.
МВР уште не може да му влезе во трага, а од него нема никаков глас.
Надлежните не откриваат детали за јавноста во однос на потрагата а дел од медиумите веќе пишуваат дека сопственикот на „Трансмет“ „киднал“ од земјава истата вечер по издавањето на наредбата за апсење.
Потерница за Кочан беше издадена во четвртокот, a MВР почна да го бара вчера.
Адвокатскиот тим на Сеад Кочан првично соопшти дека за одлуката која Кривичен ја донесе за притвор на бизнисменот дознал од медиумите а до него не стигнало никакво решение и се додека не стигне неговиот клиент е слободен граѓанин.
Кочан е газда на телевизијата ТВ Нова. Неговото име беше споменувано и во „политичките бомби“ што ги објавуваше СДСМ.
Во објавените снимки поранешниот премиер Никола Груевски го именуваше Кочан како „лицето што вози сеат“. Токму во еден од разговорите што го обелодени СДСМ се зборува за конзорциум што би требало да го формира лицето „Сеат Ибица“ .
Во објавениот разговор меѓу поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски се спомнуваат директорите на повеќе градежни компании меѓу кои беа и „Трансмет“ и „Силекс“, кои заедно со фирмата „ВАТО“, сега СЈО ги товари дека со лажна документација исмпумпале 17 милиони евра од РЕК Битола.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




