МЖ Транспорт, МЖ Инфраструктура, АД НЕР, Тетово, Охрид, МРТ... – кој го изгради државниот долг од 333 милиони евра
Објавено во: Економија 04 Август, 2021 08:45
Државниот должник МЖ „Транспорт“, кој е акционерско друштво во сопственост на државата, никако да се симне од првата позиција на државни борчлии.
Така е и на крајот на второто полугодие од годинава, а тоа го говорат податоците кои ги објави Министерството за финансии.
На крајот на Јуни МЖ транспорт имале доспеан а неплатен долг од 60,5 милиони евра, што е сепак за 3,3 милиони евра помалку од три месеци претходно.
Односно, овој голем државен должник на крајот на првиот квартал од годинава должел 63,8 милиони евра, а сега тој борч барем малку се намалил, но ни оддалеку не е решен проблемот со големите долгови на ова акционерско друштво во државна сопственост.
На второ место на листата на Финансии е АД МЕР, односно со новото име НЕР – Национални енергетски ресурси. Нивниот долг е 23 милиони евра, и со оваа сума тие и за вториот квартал се втор по ред најголем државен должник во земјава, иако долгот им е намален за 2,5 милиони евра.
Меѓу поголемите државни должници на крајот на јуни избива и ЈП „Македонски Железници – Инфраструктура, со борч од 16,3 милиони евра. Првиот човек на ова јавно претпријатие Хари Локвенец неодамна за Фактор изјави дека големите долгови се создаваат поради високата амортизација која мора да ја издвојува МЖ Инфраструктура, заради големиот обем на основни средства што ги има компанијата.
На четвртта позиција е ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи – универзитетски клиники, завод и ургентен центар, чии долг изнесува 12,3 милиони евра.
Општина Тетово е постојано голем должни, па така што ако на крајот на првиот квартал од годинава била четврта, сега е на петта позиција на листата на државни должници, а нејзиниот долг е 11,9 милиони евра, што е за 600 илјади евра повеќе од пред три месеци.
ЈП Колекторски систем Скопје е шеста со долг од 8,3 милиони евра, и ако се има предвид дека ова ЈП пред само три месеци било втор најголем државен должник со неплатени а доспеани обврски од 12,5 милиони евра, намалувањето на долгот за 4,2 милиони евра за период од еден квартал, е за сериозна пофалба.
ЈП Водовод Куманово е седми државен должник, со долг од речиси 8 милиони евра, исто колку што имале и пред три месеци.
И, последните три места се резервирани исто така за вообичаени должници, и тоа општина Охрид со 6,7 милиони евра, по која следува JП „МРТ“ - СКОПЈЕ со неплатени обвски од 6,6 милиони евра. А, на 10 место е општина Гостивар со долг од 5,7 милиони евра.
Ова се во принцип секогаш, оносно на сите листи најголеми државни должници.
Понекогаш има такви кои ќе дојдат во топ непопуларната десетка, но откако ќе се раздолжат, излегуваат од листата. Таква беше државната ЕЛЕМ која сега ја нема на таа листа, односно е на многу поназадн позиција, откако се раздолжи кон доверителите.
Инаку, на листата на државни должници има 1.180 државвни борчлии - АД во државна сопственост, општини, јавни претпријатија, министерства, здравствени установи и други јавни институции.
Нивниот долг заклучно на крајот на јуни изнесувал 333 милиони евра.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември




