05 Декември, 2025
0.0391

МЗШВ: Земјоделците ќе можат да ги извршуваат своите работни активности на земјоделските површини и фарми

Објавено во: Агробизнис 06 Април, 2020 16:21

Добивај вести на Viber

Во однос на новата забрана за движење што ја донесе Владата на Република Северна Македонија, а којашто стапува во сила од среда (08.04.2020), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците:

-Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површини и на фармите, а кои се наоѓаат во атарот на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

-Земјоделците пак чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото во кое живеат и треба да патуваат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење.

Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата кадешто им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе биде по претходно воспоставениот принцип, преку Подрачните единици на МЗШВ. Досега, се издадени 3.491 дозвола за движење на земјоделци заради извршување на работните обврски.

Ги повикуваме земјоделците да ги почитуваат новите препораки на Владата, и движењето да го користат исклучиво за работни обврски, со цел заеднички да придонесме во справувањето со коронависрусот во нашата држава.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?