20 Мај, 2024
0.0251

За сите идни студенти кои трагаат по квалитено образование и врвни вештини

На 10 мај Отворен ден на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Објавено во: Мои пари 08 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Младите кои трагаат по модерно високо образование преку кое ќе станат конкурентни поединци со врвни вештини имаат одлична можност да го постигнат тоа со продолжување на своето образование на факултетите на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС). 

На 10. мај 2019 година од 12:00 до 17:00 часот на Универзитет Американ Колеџ Скопје ќе се одржи отворен ден, каде сите идни и сегашни студенти ќе се запознаат со можностите и придобивките од студирање на овој универзитетот. Освен информации за студиските програми, идните студенти кои ќе се запишат за време на отворениот ден добиваат 5 проценти попуст на школарината.

Во рамките на Отворениот ден, сите заинтересирани за квалитетно високо образование ќе добијат детални информации за различните факултети, наставните програми и современата методологија што се применува во текот на студиите. Ќе бидат претставени факултетите за деловна економија и организациски науки, архитектура и дизајн, компјутерска техника и информатика, странски јазици, правни науки,факултетот за политички наукии катерда за психологија.

Информациите за посебните факултети ќе можат да се добијат на посебни информативни пултови, каде ќе бидат достапни и информации за стипендиите кои ги нуди Американ Колеџ и можноста за практична работа во компаниите кои се членки на бизнис советот на УАКС, а професорскиот кадар ќе нуди дополнителни стручни објаснувања за различни аспекти од студиските програми.Истовремено, на  отворениот ден, сите заинтересирани ќе имаат можност да се информираат за Еразмус плус програмата која е достапна за студенти од додипломски и пост-дипломски студии, преку која се нуди студирање во 28 – земји членки на Европската Унија, како и Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Турција.

Универзитет Американ Колеџ Скопје за да овозможи навремено информирање, организира и превоз за сите заинтересирани идни и сегашни студенти од другите градови од земјата. Сите заинтересирани за присуство на отворениот ден  може да се пријават на networking@uacs.eu.mk, по што ќе добијат прецизни информации за организираниот превоз до Скопје.

По официјалниот дел од Отворениот ден на УАКС, посетителите ќе може да уживаат и во добра забава со средношколскиот бенд од ДСУ Гимназија Никола Карев.

Универзитетот Американ Колеџ Скопје е основан 2005-та година и е единствениот меѓународно акредитиран универзитет во нашава земја со признание од Советот за акредитација на бизнис школи и програми (ACBSP) од Соединетите Американски Држави. Оваа високообразовна институција ги комбинира најдобрите методи и практики од американскиот и европскиот образовен систем, пресретнувајќи ги очекувањата на студентите. Американ Колеџ Скопје е во континуирана активна соработка со седумте највисоко рангирани универзитети во светот, а студентите имаат можност да го продолжат своето образование во реномирани странски високообразовни институции како: Меѓународниот универзитет од Вирџинија (САД), Универзитетот Џон Кабот (Италија), Веларус Колеџ (Белгија), Универзитетот во Вормс (Германија) и многу други.


Можеби ќе ве интересира

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи