На 114 години го победи коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Јуни, 2020
Монах кој има 114 години од Етиопија го победи коронавирусот и излезе од болница.
За оздравувањето на овој човек од коронавирус, лекарите сметаат дека е неверојатно, објави Би-би-си.
Семејството на монахот Тилахун Волдмајкл тврди дека тој има 114 години, што значи дека е најстариот човек во светот, кога би имал официјален документ со кој би го потврдил тоа.
Лекарите велат дека најранливата група луѓе се оние постари од 80 години, а овој монах на етиописката православна црква, е отпуштен од болница по помалку од три недели.
„Додека бев во болница се молев на Бога за здравје. Плачев и се молев целата земја повторно да биде здрава“, рекол монахот за Би-би-си.
Тилахун дознал дека е позитивен на коронавирус во спорадично тестирање спроведено во неговото соседство во Адис Абаба и е примен во болницата пред да се појават симптоми на болеста, што му даде можност на лекарскиот тим внимателно да го следи од самиот почеток.
Штом се појавија симптомите, тој доби кислород, антибиотик и дексаметазон, евтин и широко достапен стероид за кој англиските истражувачи велат дека го намалиле бројот на смртни случаи на сериозно болни пациенти за една третина.
Болницата не може да потврди дали старецот е навистина 114 години, но според мислењето на лекарскиот тим, извесно е дека е постар од 100 години. Лекарите процениле дека тој имал 109 години.
Сега дома за него се грижи неговиот внук.
Во земјата досега се потврдени 5.570 случаи, а 94 лица починале.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.