18 Декември, 2025
0.0621

На бојното поле во Украина загинаа 80.000 руски војници?

Објавено во: Свет 10 Август, 2022 17:54

Добивај вести на Viber

Според „Форин полиси“, во Украина загинале 80.000 руски војници. 

Ова е проценка на американското Министерство за одбрана. Велат дека околу 80.000 руски војници се убиени или повредени, објави американското политичко списание „Форин полиси“, повикувајќи се на изјави на висок претставник на Пентагон.

Колин Кал, највисокиот политички функционер во Пентагон, рече дека има огромен број на жртви во редовите на руската армија.

„Мислам дека можеме со сигурност да кажеме дека загубите на Русите изнесуваат 70.000 или 80.000 загинати за помалку од шест месеци“, изјави Кал.

Таквите процени, покажуваат дека изминатиот месец руската армија загубила повеќе од 10.000 војници односно откако Киев добил нови ракетни системи од САД, од Велика Британија и од Германија. Пентагон проценува дека Русија распоредила 120 тактички баталјони составени од околу 100.000 војници во Украина на почетокот на војната. 

Магазинот наведува дека украинските власти побарале од САД да им обезбедат ракетни системи способни да погодат руски цели на речиси 320 километри подалеку, заедно со стотици ракети ХИМАРС, но администрацијата на Бајден ја предупреди Украина да не гаѓа цели на руска територија.

Откако почна војната Русија многу ретко соопштува колкав е бројот на жртви во нивните редови, а имаше и напади на руска територија, кои Украина ниту ги демантираше, ниту ги потврдуваше. Тоа беа напади во погранични села. 

foto EPA/ IVAN BOBERSKYY

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“