На Божиќната литургија во Соборниот храм присутни премиерот и претседателот
Објавено во: Македонија 07 Јануари, 2017 13:23
Во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје денеска по повод големиот празник Рождество Христово – Божиќ се одржа Архиерејска Златоуста литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан.
Меѓу присутните беа и премиерот Емил Димитриев и претседателот на државата Ѓорги Иванов. По завршувањето на литургијата Иванов и Димитриев на граѓаните со православна вероисповед им го честитаа Божик и им посакаа здравје, радост и среќа.
– Сакам да им го честитам овој голем празник на сите граѓани на Република Македонија кои го слават Христовото раѓање – Божик и да им посакам многу здравје, радост и среќа. Посакувам сето она што го имаме овие денови, сета радост, сета добрина и убавина да не следи во текот на целата година. Посакувам да ја споделуваме радоста и да се чувствуваме добри и да го славиме животот. Христос се роди навистина се роди, истакна претседателот Иванов.
Во семејството Иванови на бадниковата вечер паричката се паднала кај синот Иван.
Димитриев им го честиташе Божик на сите православни христијани кои го празнуваат, како што рече, овој пресветол празник од нашата историја.
– Нека Исусовото дело кое што го празнуваме деновиве биде пример и поука за сите нас дека со разум, со позитивна енергија и мисла се надминуваат и најголемите предизвици. Така и ние денеска живееме во едно исклучително турбулентно време на општествен и политички план, меѓутоа се надевам дека кај сите фактори и сите чинители ќе надвладее разумот, ќе надвладеат пораките кои деновиве ги слушаме од храмовите на нашата Македонска православна црква и дека Република Македонија, македонскиот народ оваа година ќе живеат многу порелаксирано во една попопозитивна атмосфера споредено со годината која ја напуштивме, додаде Димитриев.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




