На буџетот му се стемни, на стопанството му се раздени!
Објавено во: Финансии 27 Март, 2013 07:47
Најголемо е потфрлањето кај ДДВ, со собрани само 6,2 милиони евра, наспроти 57 милиони евра во јануари. Огромно е и потфрлањето на ДДВ и во однос на февруари лани, кога ви бџетот од оваа ставка се слеале 47,6 милиони евра. За експертската јавност ваквата состојба само потврдува дека економијата оди во лоша насока, а стопанството и понатаму се гуши во неликвидност.
Министерство за финансии: Расчистувавме обврски кон стопанството
Намалувањето кај ставката на ДДВ на страната на приходите кај реализацијата на Буџетот за февруари во однос на јануари, се должи на расчистувањето на обврските кон стопанството за поврат на ДДВ. Мора да се напомене дека се објавуваат нето-приходите за ДДВ, односно вкупните собрани приходи намалени за повратот на ДДВ. Согласно преземената обврска кон стопанствениците, заклучно февруари, беше решен проблемот со повратот на ДДВ како и исплата на обврските за извршените работи, велат во министерството за финансии.
Сепак, сега речиси е неизводливо да се направи вистинска анализа со приходите кои ги собира државата. Имено, дали буџетски приходи се поголеми или помали од проектираното, од министерството за финасии додаваат дека проекции на месечно ниво веќе престанале да прават, така што сега е исклучително тешко да се регистрира дали вкупните приходи се зголемини или намалени.
Повеќе од 1/3 од минусот на буџетската сметка веќе е потрошен
Извештајот на Министерството за финансии покажува дека во јануари и февруари 107, 2 милиони евра се веќе потрошени од дефицитот кој вкупно за цела 2013 година изнесува 287,7 милиони евра. Што значи дека скоро 37% државата веќе има потрошено од предвидениот минус на буџетската сметка. Годинава буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5 %, кој е предвидено да покрива со задолжувања дома, но и од странство.
Домашната експертска јавност смета дека доколку се продолжи со вакво темпо на трошење, ништо чудно веќе во септември државата повторно да направи корекција на буџетскиот дефицит продлабочувајќи ја и на повеќе од 3,5%. Црвениот аларам, сметаат тие е веќе оддамна вклучен.
Р.Ф
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





