НА БУЛЕВАРОТ „ВАСКО КАРАНГЕЛЕСКИ“ СЕ ПОСТАВЕНИ „ЛЕЖЕЧКИ ПОЛИЦАЈЦИ“: Ќе има ли сега крај на сообраќајките?
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2023
ЈП „Улици и
патишта“ информира дека во текот на изминатиот ноќ во периодот од 22
часот до 7 часот утрово екипи на Улици и патишта при редовната контрола и
обиколка на вертикалната сигнализација на градските сообраќајници извршија
замена на оштетени сообраќајни знаци на улицата „Васко Карангелевски“
и ги поставија новите гумени платоа за забавување на брзината на движење на
возилата.
На улицата 11ти Октомври, како што соопштија, беше обележана хоризонталната сигнализација на пешачките премини со ладна пластика. Обновата на сообраќјната сигнализација се извршува со цел зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Новите гумени платоа за забавување на брзината на движење на возилата на новиот булевар во Аеродром се поставени откако вчера се случи уште една тешка сообраќајна несреќа, како и по неколку неделните апели на граѓаните, пред се на родителите чии деца учат во ООУ „Љубен Лапе“ и секојдневно мора да го минуваат булеварот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
Условна казна и 300 евра глоба за кавадарчанец кој отрул куче

МАКЕДОНИЈА МИСЛИ ГЛОБАЛНО, САМО ДИЈАЛОГОТ НОСИ РЕЗУЛТАТИ: Спасовски за српска „Политика“

ПРВ ПАТ ПО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ЛАВРОВ Е ПРИСУТЕН ВО ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА НАТО: Рускиот дипломат беше срдечно пречекан од Османи, утре ќе одржи и прес конференција

Мицкоски прифаќа средба со Ковачевски, ама прво да заврши со предавањето

ГРЧКА НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА „НАСМЕВКА НА ДЕТЕТО“ ОБЈАВИ АПЕЛ ЗА ВАЊА: Исчезнатата тинејџерка го мобилизираше Балканот

СЕ ОГЛАСИ ПЕСКОВ ЗА БУГАРСКИОТ ПОТЕГ: „Тоа е апсурден и глупав став“

МАКЕДОНИЈА СТАНАЛА ЧЛЕНКА НА НАТО БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЗРЕЛИ ПОЛИТИКИ И МУДРИ ЛИДЕРСКИ ОДЛУКИ: Еве што се зборуваше на средбата меѓу Ковачевски и О’Брајан

„ОПАСНА ГЛУПОСТ НА НЕКОЈ ШЕГАЏИЈА ВО СТРУКТУРИТЕ НА МОЌ “ - Захарова вака ја коментира забраната рускиот авион да прелета преку бугарскиот воздушен простор

ЦРВЕН ТЕПИХ ПРЕД „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“: Еве како Османи ги пречекува гостите
