НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА 15 ДЕЦА СЕ ЛЕКУВААТ ОД КОВИД-19: Ги лекуваме поради можност од компликација, вели директорката Софијанова
Објавено во: Македонија 29 Април, 2021 11:53
На Клиниката за
детски болести во моментов има 15 деца кои се позитивни на корона вирусот, но како што денеска изјави
директорката, Аспазија Софијанова, тие се стабилни и ниту едно не е во
животозагрозувачка состојба.
-Во моментот има околу 15 деца со 15 мајки кои се ковид-позитивни. Сите се стабилни. Ги лекуваме поради евентуална можност за компликација и дел од нив веќе ги испишуваме во сосема стабилна состојба. Нема ниту едно дете во згрозувачка состојба, изјави Софијанова на денешниот настан за донација од Република Словачка на Клиниката за детски болести .
Софијанова рече дека во овој период кога генерално се намалува бројот на новозаразени, односно кога во земјата владее тренд на опаѓање на епидемиолошката крива и напомал број на позитивни лица кои се лекуваат, се намалува и бројот на новозаразени деца.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




