Добивај вести на Viber
Европската унија, поради превисоките трошоци за обновливи извори на енергија, се наоѓа пред „индустриски масакр“, смета европскиот комесар, Антонио Тајани.
Кризата во европската индустрија дополнително ја влошува преценетото евро, додал Тајани кој е комесар за индустрија и претприемништво, во изјава за британски Телеграф на економскиот форум во италијанското алпско летувалиште Цернобио.
Европа, со својот донкихотски јуриш на зелената енергија, ги подигнала, според Тајани, трошоците на електричната енергија до неподносливо ниво, а европската индустрија престанува да биде конкурентна во светот. Тоа е особено видливо во време кога во CАД се намалила тамошната цена за гас за 80 отсто.