19 Декември, 2025
0.0501

На факултетите во Скопје владее непотизам

Објавено во: Мои пари 13 Февруари, 2013 16:44

Добивај вести на Viber

Пари за да положат испит дале околу 10 отсто од студентите на Универзитетот во Белград. Секој втор мами за време на студиите, а 20 проценти од нив имаат директно искуство со ситуацијата во која професорот дава повисока оценка поради врска, покажува најновото истражување на Белградската отворена школа.

Во Белград, Пловдив, Скопје и на Универзитетот во Молдавија студентите слично ја оцениле распространетоста на поткупот на своите факултети. Околу 20 отсто изјавиле дека поткупот е широко распространета појава, со тоа што во Загреб тоа е значително помалку, под пет проценти.

Меѓународното истражување е извршено во текот на минатата година во соработка со Антикорупциската студентска мрежа во Југоисточна Европа, и тоа на пет водечки универзитети во Хрватска, Молдавија, Македонија, Бугарија и Србија, на примерок од 3.463 студенти, изјави претставникот на БОШ Михаило Гајиќ.

Секој втор студент во Скопје смета дека непотизмот е многу широко распространет на неговиот факултет, а речиси члетири до 10 студенти во Белград го имаат истото мислење.

- Токму универзитети од овие два града „водат“ во директното искуство со непотизмот, пристрасноста, при уписот на факултет, истакнува Гајиќ.

Во Белград околу 20 отсто од студентите купуваат книги од професорите за да добијат повисока оценка, во Пловдив речиси 30 отсто, во Скопје околу 40 проценти, Загреб околу 10, а во Молдавија малку повеќе од 15 проценти.

Истражувањето покажало дека студентите се толерантни кон одредени коруптивни појави.

Мамењето на испити најмногу е застапено во Загреб (дури 75 проценти), потоа во Пловдив (околу 60 отсто), Белград (околу 50 отсто), Скопје (помалку од 50 проценти) и Молдавија (околу 45 отсто).

Како главни проблеми со кои се соочува универзитетот, студентите ги наведуваат неодговорниот став на професорот кон наставниот процес, слабо опремените факултети, недоволната комуникација професор-студент и исклученоста на студентите од процесот на донесување одлуки.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка