На Горбачов му ветувале дека НАТО нема да и се заканува на Русија
Објавено во: Свет 14 Декември, 2017
По падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година и рушењето на комунистичките режими како домино ефект низ цела Југоисточна Европа следната година, рускиот претседател во тоа време Горбачов добивал сериозни уверувања од САД и европските држави дека НАТО повеќе нема да функционира како воена организација, туку само како политичка и дека нема да се прошири ниту милиметар повеќе и дека нема да се доближува на исток до руската територија.
Ваквите ветувања на Горбачов му биле испратени од страна на Џејмс Бејкер државен секретар на САД кој служеше со претседателот Џорџ Буш Сениор, Хелмут Кол кој подоцна стана канцелар на обединета Германија, како и Вацлав Хавел претседател на тогашна Чехословачка.
Според истражувањето на Архивот за национална безбедност базиран во Џорџ Вашингтон Универзитетот и францускиот претседател Франсоа Митеран бил против обединета Германија да се приклучи на НАТО.
Сепак, во подоцнежните години западните политичари тврделе дека ваков вид на ветувања кон руското раководство и претседателот Горбачов никогаш не биле дадени иако сега за тоа има 30 документи од Архивот за национална безбедност создадени преку пристап до информации од јавен карактер.