На Груевски ќе му се суди во отсуство-одбраната против?
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2018 12:17
Денешното судско рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО поради немање услови за негово одржување, е одложено за 23 ноември. На рочиштето не беа присутни поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, како и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, кои од утринава се во притвор во затворот во Шутк, пренесе МИА.
На рочиштето присуствуваше поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која пред почетокот на рочиштето во изјава за медиумите рече дека не очекува мерките за претпазливост што и ги има изречено судот, да бидат преиначени во притвор.
Обвинителката на СЈО Лиле Стефанова на почетокот појасни дека притворот за Јанакиески и Божиновски е побаран бидејќи во текот на вчерашниот ден Специјалното јавно обвинителство добило информации дека тие се подготвуваат да избегаат на ист начин како и Груевски.
Најави дека доколку постојат сознанија за бегство и за останатите обвинети во случајот „Титаник“ ќе биде побаран притвор.
За поранешниот премиер Никола Груевски, обвинителката Стефанова побара да му се суди во отсуство на што се спротиставија адвокатите на одбраната.
За ваквиот предлог на Стефанова, како што истакна судијата Осман Шабани, судскиот совет ќе се произнесе дополнително. Тој издаде и наредба на следното судско рочиште да бидат спроведени од истражниот затвор во Шутка обвинетите Јанакиески и Божиновски.
Според адвокатот на одбраната Еленко Миланов, со судењето во отсуство на Груевски би му се ускратиле основните права како што се учество во постапката, распит на сведоци и произнесување по докази.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




