25 Ноември, 2024
0.0260

НА КОГО МУ ОДГОВАРА: Државата губи пари од злоупотребата на црвената нафта, ама тактизира со акцизата

Објавено во: Економија 20 Мај, 2020

Добивај вести на Viber


Иако имаше најави дека ќе го среди хаосот со екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), државата се уште тактизира и остава ова гориво да се користи како погонско односно да се употребува како дизел. Поминаа повеќе од 20 дена откако министерката за финансии Нина Ангеловска најави дека прават анализи за изедначување на акцизата на оваа таканаречена црвена нафта со акцизните давачки на дизелот, но досега нема ништо конкретно. Владата ги зголеми акцизите за бензините и за дизелот за три денари, но изостана идејата со изедначувањето на акцизната давачка за екстралесното гориво тоа да поскапи па да стане помалку атрактивно за злоупотреба односно да се намали неговата употреба како гориво за возилата. Познавачите се категорични дека ова требаше да се стори час поскоро, а таков став имаа и во Регулаторната комисија за енергетика. Сепак, но поместувања нема.

„Дали решението кое што ќе биде предложено до Владата ќе биде изедначување или покачување на цената на нафтата дополнително ќе излеземе и ќе информираме. Треба да бидеме многу внимателни, да правиме детални анализи и да базираме одлуки на анализи, разгледуваме и точно колкаво е користењето на Екстралесната нафта“, изјави министерката Ангеловска, на 12 април годинава.

На изјавата претходеше и барањето на Стопанската комора која предлагаше зголемување на акцизата на екстралесното масло за домаќинство за девет денари. Нивните аргументи за зголемувањето беа дека од една страна, вака во услови на криза ќе се зголемат буџетските приходи, но од друга страна ќе се решат други големи проблеми побврзани со малверзациите со ова гориво. Употребата на црвената нафта како гориво има значаен негативен ефект поради зголеменото загадување.

Оттаму тврдеа дека користењето и употребата на маслото за горење екстра лесно ЕЛ-1 како гориво за греење во практиката е многу тешко да се контролира и во пракса често се изигрува Законот за акцизи. Дополнително, како што потенцираа, екстра лесното гориво ЕЛ-1 во еден литар содржи 100 пати повеќе сулфур во однос на еден литар дизел гориво. 

Затоа не е јасно зошто се тактизира со оваа одлука, особено што од пониската акциза на Екстра лесното гориво што се троши како дизел за транспорт државата губи повеќе од 11 денари по литар, како што докажуваат и пресметките.

Имено, ако се земат цените на горивата кои ги одредува Регулаторната комисија за енергетика, од 7 април малопродажната цена на еуродизелот е 45 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 33,5 денари за литар.

Разликата во цената изнесува 11,5 денари за литар од кои за акциза се девет денари. Сепак таа разлика е доволна за некои луѓе водени од чисто економска логика да се одлучуваат да го користат и како погонско гориво за своите возила, иако ова е казниво со закон.

Фактор направи и друга анализа.

Акцизата на дизелот, според одлуката на Регулаторната комисија од 7 април годинава, изнесува 15,448 денари за литар, додека акцизата за екстра лесното масло за домаќинство-1 или „црвена нафта“ е 6,271 денари за литар. Сепак речиси и да нема разлика меѓу највисоката набавна цена на еуродизелот која изнесува 16,008 денари за литар и за екстра лесното што е 15,429 денари за литар.

На десет литри дизел гориво државата собира 154 денари, додека за десет литри црвена нафта државата останува пократка за 2,5 пати, односно добива 62 денари.

Оваа загуба на буџетски приходи се случува секако во време на криза и во услови кога министерката за финансии објави дека очекува годинава да има пад на приходите од над 11 проценти. Нараснатите буџетски потреби ќе се покриваат со задолжување со еврообврзница.

Познавачите велат дека со укинувањето на вонредната состојба наскоро државата ќе има и други приоритети и ќе се оддалечи од решавањето на овој проблем што би значело дека наместо да си ги собере своите пари, ќе им ги отстапи на некои кои ја злоупотребуваат употребата на ЕЛ-1. Прашуваат на кој му одговара оваа состојба.

А.Т.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“