На кого му одговара смртта на Оливер Ивановиќ?
Објавено во: Балкан 17 Јануари, 2018
Оливер Ивановиќ oд 1999 година bеше лидер на српското малцинство во Косово. Денес во делумно призната држава живеат вкупно 1,8 милиони лица, при што околу 120.000 од нив се косовски Срби.
Тој беше еден од ретките политичари кои зборуваат албански и одржуваат добри контакти со албанското мнозинство во Косово, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Весникот додава: „Таму каде што другите се поигруваа со разни митови и емоции, Ивановиќ се обложуваше на прагма и вложуваше напори за изнаоѓање на баланс помеѓу различните интереси. Во времето кога Белград сé уште настојуваше за тотален бојкот на институциите во новоформирано Косово, Србинот веќе се залагаше за правата на српското малцинство да учествува во политичкиот живот на новата држава“, пишува весникот.
Тој бил убеден дека само на тој начин Србите ќе успеат да ги заштитат своите интереси во новосоздадената држава – иако или дури токму поради тоа што тие не ја признаваат прокламираната во 2008 година независност од Србија.
„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пишува дека Ивановиќ бил ценет и од Запад и потсетува дека за време на посетата на Ангела Меркел во Косово во 2005 година, која во тоа време уште не беше канцелар на Германија, таа се сретна токму со Ивановиќ.
Зидојче Цајтунг“ гледа нешто симболично во тоа дека смртоносните истрели против Оливер Ивановиќ дошле токму во денот кога преговорите за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина би требало да бидат продолжени по предолго затишје.
По убиството на Ивановиќ, српската делегација веднаш ги напуштила разговорите во Брисел кои се одржуваат под покровителство на ЕУ. Според германското издание, убиството на познатиот српски политичар може да предизвика нова нестабилност во Косово.
Според „Tageszeitung“, убијците на Ивановиќ би можеле да се од најразлични политички средини и географски делови на регионот.