Добивај вести на Viber
Со цел да се детектираат новите предизвици во земјоделствотои прехранбениот сектор, а под работен наслов „Дали транзицијата навистина заврши во европското земјоделство“, на иста маса седнаа повеќе македонски и европски експерти од областа на агрономијата, а како дел од 132-от Семинар на Европската асоцијација на агроекономисти што се одржува во Скопје.
Осврнувајќи се на она што досега е сторено, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски истакна дека македонскиот земјоделски сектор постепно ја зголемува својата конкурентност и привлечност. Според него главната разлика кај нас етоа што промените започнаа подоцна и траеја многу подолго, а отсуството на активни политики и погрешниот пристап доведе до намалена конкурентност на македонските производи и намалување на капацитетите, обемот на производство и продуктивноста.
„Работите се изменија по 2007 година кога Владата го вброи земјоделството како еден од своите економски приоритети и започна со спроведување на комплементарни и сеопфатни политики во насока на обезбедување значителна финансиска и друга поддршка“, истакна Димовски.
За словенечкиот експерт пак, професорот Емил Ерјавец, агроекономијата е многу битна за развој на земјоделството, а македонската Национална програма за развој на земјоделството е добар чекор напред, но и тука мора да се внимава.
„Полека се оди кон модерниот аграрен концепт што го има Европската унија која дава поголемо значење на политиката на руралниот развој, а помало на врзувањето со културите за кои се предвидени субвенции од државата кои на некој начин ги тераат фармерите токму нив да ги произведуваат. Со новиот концепт фармерите повеќе сами одлучуваат што ќе произведуваат, а државата им ја дава само рамката“, рече Ерјавец.
Сепак, предупредува словенечкиот експерт, во земјоделството треба многу да се вложува и тоа не само преку социјалните мерки, туку во градење на земјоделство кое ќе биде конкурентно и по влезот во ЕУ. Тој додаде дека Словенија не изгради доволна конкурентност на земјоделството поради што сега ја менуваат политиката со повеќе вложувања во земјоделството, а не со социјални трансфери.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.