На македонското земјоделство му треба експертска помош и инфраструктура
Објавено во: Агробизнис
31 Октомври, 2012 20:12
Добивај вести на Viber
На компаниите им е неопходна експертска помош за производство на земјоделските култури, побара денеска претседателот на Агро-бизнис комората Огнен Оровчанец, за време на седница што ја организираше Комората цо цел интензивирање на соработката меѓу стопанствениците од земјоделскиот сектор и науката
Деканот на Земјоделскиот факултет при Универзитетот„Гоце Делчев“ од Штип Илија Каров, оцени дека источниот регион на Македонија треба да посвети поголемо внимание на произведувањето ориз и семенски материјал за компир, а укажа и на потребата од подобрување на патната инфраструктура посебно во деловите на Осоговските Планини каде се произведува најквалитетниот компир во земјава.
Сојузот на стопански комори најави продолжување на ваквите средби меѓу земјоделските производители и претставниците од факултетите во земјата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?