На пат кон Скопје пациент почина во расипано возило на брза помош
Објавено во: Македонија 13 Март, 2017 08:15
„Двајца пациенти од Крива Паланка вчера биле испратени со возило на брза помош од Крива Паланка за Скопје.
Па пат комбето останало во дефект.
Додека се чекало да се отстрани дефектот на скопска патарина, и двајцата пациенти починале и не успеале да стигнат до Ургентниот центар во Скопје.“
Овој меил стигна до редакцијата на фактор и повеќе медиуми во текот на вчерашниот ден.
Информацијата ја потврдил и в.д. директорот на Здравствен дом Крива Паланка Јоцко Стефановски за веб порталот САКАМДАКАЖАМ.МК.
Во изјава за овој медиум Стефановски рекол дека еден пациент бил во многу тешка состојба и дека дефектот на амбулантната кола не е причина за неговата смрт.
“Двајца пациенти во критична состојба се примени во нашата служба за итна медицинска помош, кои веднаш се препратени во Кумановската болница. Таму починал еден од пациентите, а вториот кој исто така бил во критична состојба е препратен во Скопје. На патот за Скопје настанал дефект на возилото, за што утре детално ќе се знае дали откажалче кочниците или пукнала некоја сајла. Среќа што возачот го стабилизирал возилото и успеале да застанат. Дефектот настанал откако ја поминале наплатната рампа кај Романовце. И овој пациент кој бил во тешка здравствена состојба починал. Веднаш е побарана помош од Куманово и Скопје, Од Скопје стигнало возило но за жал пациентот веќе починал. Невкусно е да се коментира дека пациентите починале поради тоа што се случил дефект на возилото. Како што ми пренесоа дежурните лекари и двајцата пациенти биле во многу тешка состојба. Едниот е повозрасен пациент, кој имал симптоми на гушење, а вториот претходно бил на пресадување бубрег и веројатно нешто му се искомплицирало. Но ова се неофицијални информации, утре ќе имаме комплетна слика што се случило“, вели Јоско Стефановски, в.д. директор на Здравствен дом Крива Паланка.
Тој рекол дека нему му јавиле околу 16 часот дека возилото има дефект и дека бараат помош и друго возило.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




