19 Декември, 2025
0.0596

НА ПОВИДОК НЕМА НИ „Л“ ОД ЛЕТО: И метеоролозите веќе не можат да откријат кога ќе дојде потоплото време

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2023 06:39

Добивај вести на Viber

– До самиот крај на овој месец во Македонија продолжува ДОЛГИОТ период на променливо и МНОГУ НЕСТАБИЛНО време со повремени локални врнежи од дожд.

Од пладневните часови на многу места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално има услови за ПОИНТЕНЗИВНИ Атмосферски процеси кои би можеле да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на град. Токму поради ова препорачуваме ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

И во делови од Скопската котлина понатаму ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На повидок нема никакво долготрајно стабилизирање на времето.

Температурите во следниот период ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели истите повремено се очекува да се искачат и малку над 25 степени.

За првиот поизразен топлотен бран од Африка, како што доликува за овој период од годината и понатаму ќе се изначекаме – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот