На повидок нова пандемија во Кина?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 06 Јули, 2020
Има предупредување во Кина за нова пандемија.
Откриен е првиот случај на „бубонска чума“.
Во северниот кинески регион Внатрешна Монголија властите се во состојба на готовност откако е откриен потенцијалниот случај на „бубонска чума“, болест што ја предизвика пандемијата на „Црна чума“, јавува Си-Ен-Ен.
Првиот случај е откриен во градот Бајанур, северозападно од Пекинг, наведува државната новинарска агенција Ксинхуа, а локалната болница ги предупредила властите во таа покраина за појава на болсета во саботата.
Властите издале предупредување од трет степен за да превенира евентуална пандемија.
Предупредувањето ќе биде во сила до крајот на годината, пренесува Ксинхуа.
Лани во Кина се појави коронавирусот. Во земјата досега од коронавирусот починаа најмалку 4.600 луѓе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.