НА ПОВИДОК ПОДЕЛБА ВО ЕУ ПОРАДИ ОДЛУКАТА КОН РУСИЈА?! - „Не се согласуваме со ирационален пристап!“
Објавено во: Свет 15 Октомври, 2024
Намерата на земјите од Европската унија да ги напуштат енергетските извори од Руската Федерација до 2027 година е идеолошки пристап, Будимпешта нема да се согласи со тоа. Ова го изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за РИА Новости.
Во планот REPowerEU објавен во пролетта 2022 година, земјите од ЕУ поставија цел да го затворат рускиот гасовод во периодот 2027-2028 година.
- Ова е сосема ирационален пристап. Ова прашање нема никаква врска со економската конкурентност. Ова прашање нема никаква врска со зелената транзиција. Ова е чисто политичка определба и преземање на политички обврски во енергетскиот сектор. Ваквиот догматски идеолошки пристап едноставно не ни оди – рече Сијарто.
Според него, Унгарија е задоволна од соработката со Русија и не добила подобри предлози, па затоа не гледа причина да го одбие рускиот гас.
Унгарскиот министер за надворешни работи претходно изјави дека корисник од рецесијата во Европа се САД.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан исто така истакна дека Европа губи со напуштање на руските енергетски извори во корист на американските, бидејќи е принудена да преплаќа за нив.
Според него, Европа треба да ги праша своите „американски пријатели“ кои ќе „победат“ во оваа ситуација.
Фото: Фактор/Архива