НА ПРОФЕСОРКАТА ВАНКОВСКА И НЕДОСТИГААТ ПОМАЛКУ ОД 1.000 ПОТПИСИ: „Броиме ситно“, објави Апасиев
Објавено во: Македонија 29 Февруари, 2024
Професорката
Билјана Ванковска е многу
близу до обезбедување на потребните 10.000 потписи за претседателската
кандидатура. „Броиме ситно“, објави лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
Досега Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски успеаа да соберат 10.000 потписи и со тоа да бидат кандидати за претседател на државата.
Постапката за собирање потписи почна на 23 февруари, а ќе трае до 8.мартСобирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.
Државната изборна комисија соопшти дека сè додека трае собирањето потписи, еднаш дневно ќе прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител одделно и редовно ќе се ажурира.
ФОТО: ФБ