05 Декември, 2025
0.0381

НА ПРВИ ДЕКЕМВРИ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ИМ СЕ ИСПЛАТАТ НАД 9 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ: Фондот ја смирува ситуацијата, пензионерите можат да бидат спокојни

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2025 14:26

Добивај вести на Viber

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување сака да ја извести јавноста дека исплатата на пензиите се одвива нормално и веќе на први декември 2025 пензионерите ќе ја добијат ноемвриската пензија, за што вкупно ќе се исплатат средства во  висина од  9.297.493.427 денари (девет милијарди 297 милиони 493  илјади и 427 денари).

- Пензионерите треба да бидат спокојни, бидејќи Владата ја гарантира исплатата на пензиите и тука не треба да има никаков сомнеж или страв дека пензии нема да има. Фондот на ПИОМ во координација со Владата исплатата ја врши секој први во месецот и истото ќе продолжи да го прави и во 2026 година, порачуваат од Фондот.

Информираат дека за наредната 2026 година Владата на Република Македонија во Буџетот ќе обезбеди речиси 151 милјарда денари за исплата на покачените пензии, здравственото осигурување на пензионерите и транзициските трошоци за трите пензиски друштва од вториот столб.

-Фондот на ПИОМ ја информира јавноста дека од 1 октомври 2024 година до 1 октомври 2025 година, кога се исплатени септемвриските пензии за 2024 и за 2025 година, номинално се покачени за 6000 денари. Процентуално покачувањето, со исплатата на септемвриската пензија 2025 година, изнесува околу 29 проценти во однос на сумата исплатена за августовската пензија во 2024 година, се вели во соопштението од Фондот на ПИОМ.

Како илустрација да напоменуваат дека на 1 септември 2024 година за августовската пензија се исплатени 7.210.341.000 денари (седум милјарди 210 милиони 341 илајда денари), а со покачувањето од 2.500 денари на 1 октомври 2024 година исплатата изнесувала 8.166.689.000 денари (осум милијарди 166 милиони и 689 илјади денари). На 1 октомври 2025 година со второто покачување од 2500 денари за мартовската пензија во 2025 година и линеарното  усогласување од 1000 денари на септемвриската пензија во оваа година,  исплатата достигнува 9.403,340,000 денари (девет милијарди 403 милиони 340 илјади денари).

Фондот на ПИОМ, исто така, информира дека вкупните средства за исплата на пензиите со усогласувањата, во 2026 година ќе бидат повисоки за 30 милијарди денари, односно за околу 500 милиони евра.

-Сите овие покачувања и усогласувања на пензиите  се во насока на подобрување на животниот стандард на пензионерите и намалување на влијанието на инфлацијата врз истиот. Според официјалните податоци од државните институции инфлацијата во 2024 година изнесуваше 3,5 проценти на годишно ниво, а за оваа година се очекува да биде 3,9 проценти. Од изнесените податоци се гледа дека процентот на зголемувањето на пензиите од септември 2024 година до септември 2025 година е многу поголем од инфлацијата со која се соочуваме, се вели во соопштението од Фондот.

Од Фондот потенцираат дека во изминатите 30 години пензиите никогаш не биле зголемени за толкав процент во период од една година, што, како што велат, е само уште една потврда дека Владата води грижа за подобрување на стандардот на пензионерите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети