29 Март, 2024
0.0247

На првиот „Демо ден“ на Бреинстер, студентите од Академијата за Data science презентираа реални проекти пред над 40 компании

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Студентите од Академијата за Data science на Бреинстер ги презентираа своите проекти пред повеќе од 40 компании. На првиот „Демо ден“, чија главна цел е да ги поврзе студентите со потенцијални работодавачи, учествуваа над 150 лица, професионалци и претставници на компании кои работат во областа. Присутните имаа можност да постават прашања за проектите, а компаниите добија и портфолија на сите учесници кои успешно ја завршија Академијата. Овој настан е една од главните кариерни активности на Брејнстер, преку кои компанијата им помага на студентите да дојдат до квалитетно вработување во професијата која ја сакаат.

„Наша цел со отворање на Акaдемијата за Data science беше да креираме програма која ќе одговори на една од најбараните и најкомплексните професии на денешницата. Присуството на најрелевантните компании и професионалци на Демо денот зборува за сериозноста на програмата и резултатите од учењето. Дополнително, ја покажува нашата определеност приказната да не заврши со давање сертификат, туку да овозможиме цврста кариерна подршка на нашите студенти до самото вработување па и по него. Демо денот е дел од сите активности во оваа насока, опфатени со Learning & Hiring програмата за која оваа година бевме избрани за најдобро дигитално решение од областа на едукацијата во државава. Бројката од над 70% вработени студенти по посетувањето на наставата во Бреинстер, како и огромната бројка на студенти кои добија унапредувања во кариерите е уше еден показател за успешноста на нашиот модел на работење“, истакнува Петар Ниновски од Бреинстер. 

Септември 2020 означи точно една година од започнување на првата Академија за Data science на Бреинстер - најинтензивната и најкомплексната понудена програма. Годината беше проследена со многу успеси – шест завршени проекти, вработувања и што е најважно – етаблирање на нов начин за учење на најкомплексните и најбарани дигитални вештини. Во септември се воспостави првото партнерство со меѓународна компанија, кое резултираше со вработување на двајца студенти од Академијата во фирма од Словачка. Оваа година започна со работа и Академијата за Data science во Виена, а следната година оваа програма Бреинстер ќе ја понуди уште на три интернационални пазари.

Учесниците на Академијата за Data science, кои најголем дел доаѓаат од финансискиот сектор и се без претходно искуство во областа, работеа на проекти во напредни домени како Machine Learning, Computer Vision и Natural Language Processing. Студентите ги надминаа сите очекувања, што е доказ за успешноста на програмата. Беа сработени шест проекти, сите со реална примена и она што е карактеристично за компанијата - сите со отворен код, слободни за јавно користење.

Меѓу завршните четири проекти од Академијата се вбројуваат алатки кои можат да имаат голема примена во секојдневието, како што се Computer Vision модел што детектира возраст и дали одредено лице носи маска или не, потоа Рубик - новиот виртуелен асистент на Brainster, доста напреден проект во доменот на Natural Language Processing. Студентите работеа и на проект насловен „Банкарски маркетинг со социо-економски контекст“, врз основа на податочно множество формиран од историски податоци од контактирани клиенти преку телемаркетинг. Целта на овој проект е да се направи модел со кој ќе се предвиди дали одреден клиент ќе склучи договор за депонирање средства или не. Беа сработени два проекти од областа на business inteligence за потребите на партнерот за учење Македонија 2025 и еден проект базиран на предикционен модел за македонската берза, исто така изработен за потребите на еден од партнерите за учење на Brainster.

Комплетното видео од презентацијата може да го погледнете на следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=2b2LPtljqdA&feature=youtu.be&ab_channel=Brainster


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството