На Стража и Плетвар проодно и за тешки товарни возила
Објавено во: Македонија 07 Јануари, 2017
Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на Стража и Плетвар се укинати, информира ЈП Македонија пат.
Засега уште на сила е воведената забрана за тешки товарни возила на планинските превои Маврово, Ѓавато, патен правец Крива Паланка - граничен премин Деве Баир и патниот правец Велес- Катланово.
Сообраќајот на регионалниот пат Кратово-Пробиштип е во прекин во двата правци за сите возила .
Сообраќајот на патниот правец с.Крупиште - Пробиштип е нормализиран, а се нормализира сообраќајот и на патниот правец Свети Николе - Куманово. Од 09:30 часот од Велес према Штип и Пробиштип наизменично се пропуштаат возила. Остануват на сила забраните за тешки товарни возила.