НА ТАБАНОВЦЕ РАМПИТЕ КРЕНАТИ, ГРАЃАНИТЕ СЛОБОДНО МИНУВААТ: Колони возила на Прешево за влез во Србија-втор ден масовна вакцинација
Објавено во: Македонија 28 Март, 2021 07:42
Утринава во 7
часот, граѓани кои патуваат кон Србија да се вакцинираат за Фактор сведочат
дека од македонска страна на границата, односно на Табановце, рампите се
кренати и слободно минуваат сите возила. Проверката, како што велат и македонските гранични служби практично ја прават заедно со нивните српски колеги непосредно пред самиот влез во Србија.
Дел од нашите
соговорници ни испратија и фотографии од граница.
-Воопшто нема
застој, немаше никој во куќичките и без проверка на пасоши или лични карти
поминавме на Табановце. Автомобилите се редат практично на Прешево, пред самиот
влез во Србија, но очекуваме да поминеме брзо, велат за Фактор неколку
семејства од Скопје што денеска тргнаа да се вакцинираат кај нашиот северен
сосед.
Истовремено посочуваат дека без разлика што денеска во Македонија пристигнува првата поголема пратка вакцини, тие веќе одлучиле да се вакцинираат во Србија и да ја искористат шансата која овој викенд се нуди на целиот регион.
-Можеби втората доза ќе ја примиме во Македонија, бидејќи министерот најави вчера дека ќе има таква можност, ако не, повторно ќе дојдеме во Србија за ревакцина. Верувам дека летово можеби ќе имаме шанса и да патуваме, зошто на големо се зборува за т.н. ковид-пасоши. Во секој случај, вакцинацијата не ја бараме за таква цел, мислам дека психолошкиот момент е многу важен. Чувството дека си вакциниран, дека си заштитен од Ковид е многу поважно. Доста чекавме, се пазевме, успеавме да не се заразиме цела година и еве сега ќе се вакцинираме, вели за Фактор Христина С. од Скопје.
Во текот на вчерашниот ден за масовна вакцинација во Белград и во Ниш дојдоа илјадници граѓани од Македонија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, и странци од повеќе европски земји.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




