НА УДАР НА РЕБАЛАНСОТ: Тевдовски ќе ги крши непродуктивните трошоци
Објавено во: Финансии 06 Јули, 2017 09:49
Кои проекти ќе бидат на удар на ребалансот – никој во Владата засега не открива. Посочено е само дека ќе се кратат непродуктивните трошоци, но нема да се задира во проекти кои се отпочнати и чие евентуално запирање би било на штета на буџетот.
Министерството за финансии го финишира ребалансот на буџетот. Извори оттаму за Фактор велат дека сеуште се во тек одредени прекројувања на државната каса, иако најголемиот дел е веќе завршен.
Според најавите, ребалансот ќе се најде на владина седница во петок, по што ќе биде испратен во Собрание. Очекувањата се дека пред втори август ќе биде донесен.
Сепак, засега не се откриваат детали на што точно ќе има кратење, но јасно е дека тоа ќе биде кај оние трошоци кои се сметаат за непродуктивни.
Буџетот за годинава тежи 3,3 милијадри евра, додека буџетскиот дефицит е планиран на 302 милиони евра.
Според податоците, од вкупно планираните приходи во буџетот во првитте пет месеци од годинава се прибрани 38,9 %. Потоа, до мај годинава потрошен е 28,6 % од буџетскиот дефицит.
Најслаба реализација има кај капиталните инвестиции, односно за првите пет месеци реализирани се само 28,8% .Односно, реализирани се само 126,3 милиони евра за капиталнни ивестиции од вкупно планираната сума за цела година која изнесува 438, 2 милиони евра.
С.Н.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





