19 Декември, 2025
0.0931

На Водно во еколошки чиста околина се наоѓа елитниот станбено-деловен комплекс City View Condominium

Објавено во: Мои пари 13 Септември, 2016 10:54

Добивај вести на Viber

На левата страна на падините на планината Водно во еколошки чиста и незагадена околина опкружен со борова шума, на надморска височина од 650м се наоѓа елитниот станбено-деловен комплекс City View Condominium.

2

Скопје станува преоптеретено со градби, а со тоа сè повеќе се гуши, во смисла на животен простор и потребата за чиста и здрава животна околина.  Големата густина на изградени објекти без можност за сопствен паркинг, затворен поглед од околни објекти, голема загаденост на воздухот, сè помалку зелени површини, нарушен мир и тишина се доволни показатели за намалување на квалитетот на живот во градот Скопје, посебно во неговото централно подрачје. Како што покажуваат сè повеќе анализи, Скопје се наоѓа на врвот на листата на најзагадени градови во Европа и во светот.

3

 „Согледувајќи ги потребите на граѓаните цврсто бевме уверени во идејата за еден ваков поинаков концепт на модерно живеење. City View Condominium претставува идеално решение за граѓаните кои се стремат кон мирен и релаксиран живот блиску до центарот на градот, а оддалечен од сите негови негативни влијанија“ велат од  Real Home, ганецијата задолжена за продажба на City View Condominium.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/eDi6r2s2YGk[/embed]

За комплексот

City View Resort е елитен станбено-деловен комплекс од затворен тип. Се простира на површина од 3500м2 и вкупна станбена и деловна површина од 6180м2. Располага со 68 станови со големина од 45 м/2 до 121 м/2. Поседува 8 деловни простории како и затворен гаражен простор со место за 50 автомобили, како и надворешен паркинг простор со дополнителни 20 паркинг места.

4

Локација

Со својата уникатна местоположба на 600 метри надморска височина од левата страна на планината Водно, опкружен со борова шума, City View Condominium претставува идеално место за живеење заради комбинацијата од природно чиста и еколошка околина и близината на која се наоѓа од централното градско подрачје.

Предностите кои ги нуди локацијата на овој комплекс се свежиот и чист воздух без градски загадувања и магла, температурна разлика од 4-5 С° пониска од центарот на градот во летниот период, мир и тишина, интимност, како и прекрасниот поглед на градот Скопје.

5

Архитектонско решение

Во состав на комплексот влегуваат две згради, секоја со по три влеза. Во секој влез има по два стана на еден спрат за помала фрекфенција на луѓе, со цел да се овозможи мир и тишина за сите станари.

Секој влез има хидрауличен бесшумен лифт кој се движи низ 6 нивоа, од гаражниот простор до поткровјето на објектот. Со тоа се овозможува на жителите да бидат заштитени од неповолните надворешни влијанија како дожд, снег или високи температури на пат од нивното возило до станот.

Распоредот на становите во комплексот овозможува непречено уживање во текот на целиот ден. Поставеноста на дневниот простор на секој стан е кон градот Скопје а погледот од терасите нуди незаборавно уживање со утринско кафе на изгрејсонце или попладневно уживање со залезот на сонцето.

Спалните соби се наоѓаат на задната страна која е ориентирана кон боровата шума, а воедно се одделени од дневниот простор со ходник со што би се задржал мирот и тишината. Трособните станови поседуваат и лоѓија каде се сместени бојлерот и инсталациите за машини за перење и сушење со што во купатилото се добива поголем простор за сопствено уредување.

Партерно уредување

Партерното уредување овозможува утрински, дневни или вечерни прошетки. Опремено со жардињери, клупи за седење, корпи за отпадоци, игралиште за деца со лулашки и дискретно ноќно осветлување, претставува идеално место за релаксација и дружење. Природното зеленило кое се наоѓа околу комплексот е надополнето со 5 жардињери, тревни површини и засадени 240 борови растенија.

Деловни простории

Комплексот располага со 8 деловни простории во кои е предвидено да има супермаркет, кафе бар, банка, детска градинка, фитнес центар и др. со цел да се задоволат сите потреби на станарите од овој комплекс.

Забава и рекреација

За потполно уживање и искористување на слободното време се нудат повеќе активности како дружење во кафе бар, прошетка, фитнес центар, игралиште за најмладите, пешачење и трчање, планинарење, велосипедизам и сл. Сите параметри за поквалитетен живот укажуваат дека условите кои ги нуди City View Condominium се уникатни во Скопје и регионот.

Живеење во елитни населби

Живеењето во елитни станбени населби подалеку од градот повеќе не претставува мода туку потреба. „Тоа го покажува и трендот на изградба на вакви населби, а наше задоволство е да се пофалиме дека сме едни од пионерите во градба на вакви објекти“ потенцираат од New Way Engineering, компанијата која го гради комплексот.

Во градот постојат сè помалку локации кои можат да им понудат на жителите поквалитетно елитно живеење. Како локација, падините на планината Водно нудат најдобри услови за таков живот, поради близината со централното градско подрачје како и поради чистата околина, свежиот и чист воздух и погледот на градот.

„Во западниот свет ваквите елитни станбени комплекси спаѓаат меѓу најбараните и најскапите. Нè радува што и кај нас сè повеќе се препознава ваквиот начин на живеење. Сите предности кои ги нуди овој дел на Скопје во елитни населби како што е нашиот станбено-деловен комплекс и развојот на новопроектираната населба Сончев град укажуваат дека цената на недвижностите во овој дел од Скопје ќе има тенденција на пораст“, сметаат од компанијата.

Со изградбата на новиот пат од Панорама до Сопиште растојанието од комплексот City View Condominium до центарот на градот се сведува на само 5 км,  а со тоа се добива брз пристап до деловниот центар, клиничкиот центар, елитните училишта и градинки и сл.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка