22 Ноември, 2024
0.0297

Набавката на технологија за биометриска идентификација на гласачите - еден од најскапите тендери годинава

Објавено во: Економија 23 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Системот за електронски набавки во петокот го објави договорот помеѓу Државната изборна комисија и германската компанија Дермалог во вредност од 679 милиони денари, или околу 11,2 милиони евра, за набавка на интегрираниот систем за биометриска индентификација на гласачите.

Идентитетот на гласачите на локалните избори за првпат ќе се проверува со терминали за отпечатоци од прсти, нешто што беше предвидено со последните измени на Изборниот законик, а се овозможи патем и со ребалансот на буџетот, а по претходна лидерска средба. Локалните избори во земјава се најавени за втората половина на октомври.

Најголема склучена јавна набавка годинава ја има Град Скопје кој има договор со Жикол за изградба на кружните текови проследени со мостови, надвозници и подземни премини на потегот кај Момин Поток, а истата ќе чини околу 18,5 милиони евра. Набавката на инсулин за македонските дијабетичари од Министерството за здравство е трета по вредност набавка за првите осум месеци годинава и изнесува 12,6 милиони евра. Овој тендер го доби фирмата Феникс фарма.

Трета по големина во 2021 е за ископ на јаглен во рудникот Брод-Гнотино на Рек Битола, за што АД ЕСМ на АД Пелистер треба да му плати 785 милиони денари. На истото место за ископ на инвестициска откривка АД ЕСМ го ангажира Марковски Компани за 708 милиони денари. За ископ на инвестициска откривка кај новиот рудник на „Суводол“ пак на Руд-Коп ќе му биде платено исто толкава сума.

Овие пет договори се единствените кои засега годинава имаат поголема вредност, барем на хартија, од набавката на технологијата за биометриско препознавање на гласачите. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, веќе кажа дека пет проценти од апратите за вчитување на отпечатои од прсти ќе пристигнат на 25 август, а останатите сукцесивно до 1 октомври. 

Исплатата на набавката ќе започне откако истата ќе се тестира најдоцна три дена пред локалните избори на 17 октомври. Гаранцијата и сервисната поддршка, според договорот, ќе траат 60 месеци. За овој период „Дермалог“ е обврзан да го сервисира системот.

„Дермалог“ ќе испорача 4.000 терминали со софтверско решение. Централниот систем ќе биде инсталиран во просториите на ДИК со различни нивоа на пристап. Системот ќе распознава и отпечатоци оставени на хартија доколку одреден уред на одредено гласачко место нема да биде во функција. „Дермалог“ ќе треба документирано да обучи најмалку 150 лица за кои ДИК ќе го побара тоа.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria