НАЧАЛНИК ЈА КОРИСТЕЛ ЛЕГИТИМАЦИЈАТА ЗА ДА НЕ ПЛАЌА ПАТАРИНА: Полицијата му поднесе кривична пријава
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2024 15:39
Полициски началник ја злоупотребил службената положба за да избегне плаќање на патарина.
Полицијата поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања, за началник од отсекот за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање, вработен во ОВР – Кочани. Инаку, 45 - годишниот началник во повеќе наврати изминатото лето, ја користел службената легитимација за да не плати патaрина.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски постапката ја нарече срамна, затоа што од полициските службеници се очекува да бидат пример за граѓаните.
„Ако може еден столар да плаќа патарина, ако може жена која што работи во било која приватна установа да плаќа патарина, ако може било кој македонски граѓанин да плаќа патарина мора да плаќа патарина и секој еден вработен во рамки на МВР. Мораме да покажеме пример дека секој еден од нас мора да почитува и мора да го почитува она кое што сме се договориле да го почитуваме. Значи дека може да очекуваме вакви кривични пријави и во иднина? Ќе очекувате, да“, вели Тошковски.
Во Скопје веќе со месеци интензивно се работи на надградување на системот Сејф сити, но кога тој ќе профункционира во целост и за сообраќајните прекршоци, Тошковски не прецизира.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




