Над 100 илјади домови покриени со оптичка мрежа на Македонски Телеком
Објавено во: Мои пари 12 Март, 2014
Македонски Телеком достигна покриеност од над 100 илјади домови со оптичка мрежа на крајот на 2013 година, што е раст од 40% за петнаесет месеци. Овие домови сега имаат можност да ги користат Optic пакетите од Македонски Телеком кои претходно не им беа достапни, информираат од компанијата.
„Зголемената покриеност е резултат на инвестициите во оваа водечка технологија, со која корисниците можат да добијат нови услуги и интернет со брзина до 1 гигабит во секунда, што е до сто пати побрзо од типичен приклучок. Наместо за дваесет минути, како до сега, корисниците сега можат да преземат видео содржина за помалку од една минута“, стои во соопштението од Телеком.
Во истиот период, бројот на корисници на Optic пакети кои вклучуваат интернет со брзина до 1 гигабит во секунда, се зголемил за дури 98% и достигна 12 илјади на крајот на 2013 година.
Поради големиот интерес на корисниците, Македонски Телеком ја продолжи понудата за Optic пакетите до 31 март 2014. Со понудата, секој нов корисник на Optic пакетите може да проба интернет со голема брзина два месеца без доплата, информираат од компанијата.