19 Декември, 2025
0.1158

НАД 100 ПРЕДЛОЗИ ЗА НОВИОТ ЗАКОН ЗА РУДАРСТВО: Министерството за енергетика вели, ќе се прифатат конструктивните

Објавено во: Македонија 29 Август, 2025 11:04

Добивај вести на Viber

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ја истакнува транспарентноста и вклученоста како основни принципи во подготовката на новиот Закон за рударство. Законот уште во рана фаза беше јавно објавен на платформата ЕНЕР со цел да биде достапен за увид и анализа од сите засегнати страни, а јавната расправа резултираше со исклучително голем одзив.

Јавноста имаше можност во период од 30 дена да го разгледа првичниот текст на Законот за рударство, кој беше јавно објавен на платформата ЕНЕР. Јавниот увид траеше до 28 август 2025 година, а во овој период пристигнаа бројни мислења, предлози и забелешки од компании, институции, стручната и граѓанската јавност.

„Јавната расправа ни овозможи вредни препораки и забелешки за Нацрт-законот. Паралелно започнуваме со следната фаза од усогласување на законскиот предлог. Ги разгледуваме сите доставени предлози и забелешки и ќе организираме работни средби со оние кои се изјасниле за предлог-текстот. Нашата цел е да добиеме усогласено, јасно и спроведливо законско решение кое ќе обезбеди заштита на животната средина, висока безбедност при работа и предвидлива инвестициска рамка,“ изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Од Министерството велат дека со ова потврдуваат дека се отворени за дијалог, соработка и заедничко креирање на законски решенија, со единствена цел – модерна и правична рамка за рударството во Македонија. Во наредниот период, МЕРМС ќе ги разгледа детално сите пристигнати предлози и ќе ги прифати оние кои се во насока на подобрување на законското решение, во интерес на државата и граѓаните.

„Министерството останува цврсто определено во подготовката на законот да се води според највисоките европски стандарди, со цел да обезбеди современа и одржлива рамка за развој на рударството.

Финалниот закон ќе овозможи:

  • одржлива експлоатација и преработка на минерални суровини според највисоки стандарди,

  • засилена контрола и транспарентност во сите процеси,

  • задолжителни мерки за рекултивација и заштита на локалните заедници,

  • јасна и правично поставена регулатива за сите учесници во секторот.

Министерството нагласува дека инсистира на строга примена на правилата и нулта толеранција за прекршувања, во интерес на безбедноста, заштитата на животната средина и добросостојбата на локалните заедници“, велат од таму.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот