18 Мај, 2024
0.0308

Над 150 пара чевли, чанти, капути - Боки ја бара скапата гардероба во судница

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Модни додатоци, брендирана облека, вредни уметнички слики, мебел, скапи електронски уреди, сваровски пенкало - на барање на обвинителството во судницата денеска додека се презентираа материјалните докази во случајот Рекет, се читаше што се е одземено за време на претресот од домот на Бојан Јовановски. 

Се тврди дека земени се шеесетина капути, над 150 пара очила, над 100 чанти, стотина маици, фармерки, но и над 150 пара чевли, по неколку десетици ремени, сакоа, папучи.

Бојан Јовановски побара сите предмети да бидат донесени во судот, а не да се читаат. Одбраната бара овие предмети да се опишат, бидејќи во обвинението на Боки 13 на товар му се става и кривичното дело перење пари, но судијката го одби ова барање. 

Меѓу одземените предмети има и тросед, перници, фотелји од марката „зебрано“, модерни телевизор и пенкала сваровски. Одземени биле и десетина уметнички слики чии автори се уметниците Личеноски, Мартиноски, Аврамовски, Камилов. 

Во „Рекет“покрај Јовановски обвинети се и Катица Јанева и Зоран Милески Кичеец. 


Можеби ќе ве интересира

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта