19 Декември, 2025
0.0528

„НАД 20 ПРОЦЕНТИ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ШУМИ ПРЕТВОРЕНИ ВО ПЕПЕЛ“; СДСМ за пожарите кои ја пустошат нашата земја 'нема нова опрема, нема пожарникари'

Објавено во: Македонија 31 Јули, 2025 10:04

Добивај вести на Viber

Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината. Ова не е статистика. Ова е национална трагедија и природна катастрофа. Директна последица на неспособноста, негрижата и целосното потфрлање на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во справувањето со пожарите.

Ова го посочуваат од опозициската СДСМ во соопштението испратено до медиумите. 

Европската статистика е поразителна. По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, во 2024 година,  изгореле 95.181 хектари шуми, пасишта и природни ресурси – осум пати повеќе од просекот во последните 17 години! 

И оваа година катастрофата продолжува. Бројни пожари во изминатите месеци ја опустошија земјата. 

Мицкоски ветуваше дека оваа година државата ќе биде подготвена, дека ќе има организација и координација за справување со пожарите. Ништо од тоа, нема ниту организација, нема систем, нема нова опрема, нема повеќе пожарникари, нема ништо.

Повеќе од 20 проценти од македонските шуми и пасишта се претворени во пепел. Тоа се илјадници хектати уништени дрвја, зеленило, природно богатство, и трајна еколошка штета. Генерации треба да живеат со последиците од оваа негрижа - посочуваат од СДСМ. 

Воедно од опозициската партија прашуваат „Кој во власта ќе одговара за катастрофата со пожарите во која изгоре 20 отсто до територијата? Кој ќе понесе одговорност за пустошот што остана?“.

Потоа додаваат дека наместо да го менаџира системот, Мицкоски лажно ја обвинува опозицијата за пожарите.

- Македонија гори, а премиерот Христијан Мицкоски, наместо да работи и да го менаџира системот за гаснење на пожарите, си тера партиски трибини од кои лажно ја обвинува опозицијата.

Да не беше трагично, ќе беше смешно. Безобразие и ароганција — очајни конструкции на човекот кој целосно потфрли во справувањето со пожарите.

Прво беа кравите, потоа скакулците, па лажните фотографии на Лефков и фабрикуваните лаги на ВМРО-ДПМНЕ — сѐ со цел да се дефокусира јавноста од неспособноста, хаосот и нефункционалноста на институциите.

Но тоа не поминува. Граѓаните знаат и гледаат. Изгореа над 20 проценти од македонските шуми и пасишта. Македонија е прва во Европа по уништена територија од пожари откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт - нагласуваат од СДСМ.

Потоа посочуваат дека оваа национална катастрофа е последица на неспособноста и неуспехот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да се справи со пожарите.

- Нели оваа година ќе бевме „најспремни“ за справување со пожари? Па зошто државата не е спремна? Зошто нема нова опрема, зошто нема повеќе пожарникари, зошто нема систем?

Мицкоски треба да знае дека пустошот што го остава владата зад себе нема да го изгасат ниту лажните вести, ниту манипулациите, ниту вперувањето прст кон опозицијата.

Државата гори. Престанете со измислувања – земете, работете! - потенцираат на крајот од соопштението од СДСМ. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот