16 Декември, 2025
0.0463

Над 3 милиони Бугари и Романци ја преплавија ЕУ

Објавено во: Балкан 03 Јануари, 2014 08:15

Добивај вести на Viber

Повеќе од три милиони Бугари и Романци веќе живеат во други земји од Европската унија и укинувањето на ограничувањата за миграцијата едвај ќе доведе до сериозно зголемување на нивниот број. Ова го коментира европскиот комесар за вработување , Ласло Андор , цитиран од " Ројтерс " на денот кога беа укинати рестрикциите за нив на пазарот на трудот . " Цврсто верувам дека ограничувањето на слободното движење на европски работници не е одговор на високата невработеност или решение на кризата " , изјави Андор , имајќи ги предвид економските тешкотии во ЕУ по финансиската криза во 2008 година. Тој призна дека ненадејниот сериозен прилив на луѓе од други земји на ЕУ може да ги подложат на напон образовните , станбените и социјалните услуги во некои региони. Според него, сепак, одлуката е да се преземе акција за решавање на конкретните проблеми , а не да се издигнуваат пречки пред работниците. Според него, луѓето во тешки времиња, кои заминуваат да работат во други земји во ЕУ , често се обвинувани дека ги земаат работните места на локалните луѓе или дека го злоупотребуваат општествениот систем. " Всушност бројни истражувања постојано укажуваат на придобивките од слободното движење на работници за економиите на земјите домаќини. Мобилните работници ги дополнуваат работниците во земјата домаќин и помагаат за пополнување на недостигот на вештини и работна рака " , рече Андор , во обид да ги смири стравувањата во земји како Велика Британија , Франција и Германија дека намалувањето на ограничувањата за пристап на Бугарите и Романците до пазарот на труд во ЕУ , која стапи во сила од 1. јануари, ќе доведе до бран мигранти . Тој рече дека по пресметките на Европската комисија во заедницата има околу 2 милиони неисполнети работни места.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени