НАД 30 МИЛИОНИ ЕВРА „ИНКАСИРАНИ“ ОД ПАТАРИНИ - голем раст на наплата во првите месеци од годината

Објавено во: Финансии 04 Јули, 2025 11:22
Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари или 30,89 милиони евра. Ова е за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата се очекува да се зголеми со надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг – преку широка мрежа на малопродажни објекти низ целата држава, за што Јавното претпријатие за држави патишта наскоро ќе објави повик за избор на оператор. Во системот Отворен Балкан досега се регистрирани 5.077 македонски тагови и 8.500 српски тагови.
- ЈПДП бележи континуиран раст на приходите од наплата на патарина. Од почетокот на 2025 година до денес вкупниот приход за првото полугодие е 1.900.255.930 денари или во споредба со истиот период во 2024 година е повеќе за 78.000.000 денари. Што се однесува до начинот на плаќање во сериозен раст е употребата на ЕНП електронска наплата на патарина, и ова укажува на тренд на зголемна дигитализација и побрз проток на сообраќај на патарините - изјави Коце Трајановски, директор на ЈПДП.
Наплатата е 99,6 проценти, што, потенцира Трајановски, значи се намалува и процентот на таканаречените „неплаќачи“.
Собранието минатата недела изгласа измени на Законот за јавни патишта со кои се создаде правна основа за објава на повик за избор на оператор за поставување малопродажна мрежа низ државата за надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг. Тоа досега можеше да се прави само во просториите на ЈПДП. Целта е лесна достапност на уредите за електронска напката со оглед на придобивките од наплаќање на патарините со таг, што се покажа како начин успешен начин на наплата согласно Договорот Open Balkan.
Според Трајановски, искуствата во другите држави покажуваат дека електронските уреди за наплата на патарина станале подостапни до корисниците на автопатот, а бројот на корисниците се зголемил повеќекратно.
Најавува дека повикот за избор на правни лица кои се овластени за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со уреди за електронска наплата на патарина (таг), како ќе се изврши веднаш по стапувањето во сила на измените на Законот за јавните патишта.
- Придобивки од сето ова би биле намалување на времето на чекање, односно забрзување на протокот на сообраќај на наплатните станици, зголемување на ефикасноста на наплатните станици, зголемување на безбедноста во сообраќајот, намалување на злоупотребите и зголемување на задоволството на корисниците, односно граѓаните - вели Трајановски,
Тој уверува дека наплатните капацитети се подготвени за летната сезона и се работи на олеснување на протокот на сообраќајот.
- Да, наплатните капацитети се подготвени, согласно со динамиката на зголемување на собраќајот по автопатиштата, така и ние се адаптираме на условите. Сообраќајот како жива материја е секогаш со осцилации, но во постојан пораст. Поради тоа се ангажирани повеќе капацитети за да се справиме со потенцијалните гужви и да го олесниме нормално движење долж коридорите - вели Трајановски.
Заедничкиот интегриран електронски систем за патарини во рамки на иницијатвата „Отворен Балкан“ истакнува дела покажува добри резултати.
Од Јавното претпријатие за државни патишта споделуваат и дека е во тек подготовка за изработка на проектна документација за затворен систем за електронска наплата на патарина на Коридор 8.
Во однос на модернизирањето на наплатните станици и на процесот на наплата на Коридорот 8 веќе се изработува документација за реконструкција на наплатната станица Миладиновци за поставување електронски систем за наплата.
Електронски систем за наплата на патарините во државава е воведен од јули 2019 година на наплатните станици Романовце, Отовице, Сопот и Градско на Коридорот 10, како и на Петровец.На Коридорот 8 наплатната станица Глумово профункционира како целосно електронска на 4 април минатата година, а Желино, се трансформираше во електронскиот систем еден месец подоцна.
Со недоамнешните измени на Законот за јавни патишта се воведе и можност за дигитално евидентирање на јавните патишта. Тоа, според образложението од Министерството за транспорт, е од особена важност во однос на евиденцијата и сега се воведува како параметар неопходен за подобро функционирање на системот за управување со патни средства на јавните патишта.
Конкретно се предвидува обврска за дигитално евидентирање на јавните патишта кои се во надлежност на Јавното претпријатие за државни патишта- државните патишта, како и во надлежност на општините и Градот Скопје-општинските патишта, со соодветен референтен систем и стационажа како и доставување на евиденцијата на општинските патишта до ЈПДП. Се уредува и рокот во кој би се воспоставил Единствениот систем за управување со патни средства на јавни патишта кој се однесува на општиниските патишта, како и во кој рок општините и градот Скопје треба да отпочнат со водење на евиденција во овој систем, за јавните патишта кои се во нивна надлежност.
Со законските измени се проширува на кои се места односно јавни патишта може да се постават применуваат мерки за забавување на сообраќајот во согласност со прописите за безбедност во сообраќајот, имајќи ги во предвид случувањата од последните неколку години за начините на управување со моторни возила во населени места и често неприлагодување на брзините на патот што придонесуваат до зачестени сообраќајни несреќи кои за жал завршуваат и со многу лош исход.
Можеби ќе ве интересира
ОВАА ЗЕМЈА Е РАЈ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: 32 дена одмор, 26 недели платено породилно отсуство и минимална плата од дури 14 евра

„Одморот е потреба, а не луксуз“: Д-р Камелија Симеонова на тема ефикасен и активен одмор

ПОТЕГОТ НА ТРАМП „УДАР“ ЗА ВРЕДНОСТА НА ЕВРОТО - прв пат по долг период, и берзите под силно влијание

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ГЕРМАНСКА БАНКА: Милиони клиенти се изложени на ризик од губење пари

КОЛКУ ЧИНИ СЕЗОНСКАТА РАБОТА ВО СРБИЈА? За овие работни места, дневниците достигнуваат до 50 евра, а сместувањето е обезбедено за 200 евра - еве што најмногу се исплати

АМЕРИКАНСКИТЕ ВИЗИ ПОСКАПУВААТ И ТОА СЕРИОЗНО: Туристите први на удар

БЕРЗАТА ДОСТИГНА НОВ МАКСИМУМ - азиските индески со голем скок по најавата на Трамп за царини кон Канада

ИЗБОРНА КАМПАЊА НА ДРЖАВНА СМЕТКА: Еве како партиите си ги финансирале кампањите за изборите во 2024
