06 Мај, 2024
0.0252

Над 300 општествени станови можат да се откупат без целосна документација

Објавено во: Мои пари 08 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Со предложените измени и дополнувања на Законот за домување, што се во собраниска процедура,  на  повеќе од  300 семејства ќе им се овозможи да  го откупат општествениот стан што го користат, а за кој не можеле да добијат право на сопственост поради нецелосна документација.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска на прес-конференција информира дека измените се на барање на граѓаните кои не можеле да ја комплетираат документацијата.

-  Најчесто се соочуваме со фактот дека дел од семејствата имаат  решение, а немаат договор, или имаат договор, а немаат решение за станот. Тие договори се склучени пред  30 до 50 години. Направивме напори да  ги побараме и во архивите на Македонија и во архивите од соседните земји, но не можеме да ги најдеме. Со измените на Законот  овозможуваме сите кои ги немаат документите, во определен рок да поднесат барање до Министерството за транспорт и врски и врз основа на тоа што имаат стан без соодветен акт да го откупат, рече Јанакиески.

Значајна новина во предложениот закон, според него, е можноста што се воведува за одземање лиценцата на управител  во зградите доколку се утврди дека правното или физичко лице по нејзиното добивање не исполнува  некој од условите.

Министерот Јанакиески нагалси дека е задоволен од досегашната примена на Законот за домување. Од истекот  на рокот за регистрирање заедници на станари во минатата година, досега се регистрирани вкупно 3.012 такви заедници. Најголемиот дел, 1.624 заедници на сопственици, се регистрирани во скопските општини,   од кои претежно во општините Центар, Аеродром и Кисела Вода. Надвор од територијата на Скопје, голем број заедници се регистрирани во Охрид и во Тетово.

Согласно податоците од Регулаторната комисија за домување, соопшти Јанакиески, досега се издадени лиценци на вкупно 26 правни лица.  Со Законот за домување, меѓу останатото, овозможивме отворање нови компании и вработување стотици лица, кои вршат услуги за управување и одржување на станбени згради, односно на нивните заеднички делови и според добиените податоци, тие опслужуваат повеќе од 1.200 станбени објекти, од кои најголемиот дел, односно повеќе од 50 проценти се во Скопје, каде има и најголема концентрација на станбени згради. Тоа покажува дека одредбите од законот функционираат и се применуваат во пракса, рече министерот за транспорт.

Сите граѓани кои користат услуги од лиценцираните управители, според Јанакиески, за секое евентуално незадоволство од добиената услуга можат да се обратат до надлежната Регулаторна комисија.

Со предложените одредби за измени и дополнувања на Законот за домување, меѓу другото, се даваат нови надлежности на Регулаторната комисија за домување за спроведување обуки за вршење дејности за управување со станбени згради за вработените лица во правните лица кои поседуваат лиценца за вршење дејност управување со станбена зграда. Со предложените одредби се избегнува и можноста истовремено за една зграда да постои и регистрирана заедница на сопственици и лиценциран управител, што на терен може да предизвика непријатности и нејаснотии околу тоа кој треба да ја одржува зградата

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ