Над 35 илјади парчиња фалсификувани производи ќе бидат уништени
Објавено во: Свет 20 Декември, 2012
Царинската управа денеска во кругот на компанијата „Фени Индустри“ од Кавадарци ќе изврши уништување на фалсификувани производи.
Под царински надзор и во присуство на претставници на брендовите ќе се уништат повеќе од 35.000 парчиња различни видови на фалсификувани производи – текстилни производи, обувки, авто делови и додатоци за мобилни телефони.
Царинската управа презема бројни активности во борбата против фалсификувањето и пиратеријата, со цел заштита на македонската економија, здравјето и безбедноста на луѓето од фалсификувани стоки. Царинската управа привремени ги одзема фалсификатите и пиратските стоки, а по завршување на законската постапка тие се уништуваат, доколку се потврди дека се фалсификат и претставуват повреда на право од интелектуална сопственост.
Во соработка со Царинската управа, и оваа година, средствата наменети за уништување на фалсификувани производи, компанијата „Фени индустри“ ќе ги донира во хуманитарни цели.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.