НАД 400 ВОЗАЧИ „ЛЕТАЛЕ“ ПО МАКЕДОНСКИТЕ УЛИЦИ - МВР со бројни казни, за користење мобилни телефони, поминување на црвено, казнети се и пешаци
Објавено во: Македонија 28 Јули, 2025 11:54
Министерството за внатрешни работи соопштуваа дека во текот на викендот биле изречени дури 1.148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, а од нив 458 се за брзо возење
- Викендов во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.148 издадени платни налози, 128 прекршоци се однесуваат на возачи кои учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Кај 115 возачи при извршен алкотест било утврдено недозволено количество алкохол и тие се исклучени од сообраќај, додека 46 возачи на моторцикли се санкционирани заради неносење заштитен шлем - се наведува во нивното соопштение.
Потоа додаваат дека согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 458 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 175 за недозволено паркирање, додека прекршочно се казнети уште 28 лица кои некористеле сигурносен појас.
- Вкупно 17 лица се казнети поради користење мобилен телефон при возење, тројца возачи минале на црвено светло, а прекршочни санкции добиле и двајца пешаци и тројца возачи на електричен тротинет.
Согласно Законот за возила, 31 возило било отстрането поради тоа што биле нерегистрирани, а три возила се исклучени поради техничка неисправност.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта - се наведува во соопштението од МВР.
Фото: Принтскрин/Фејсбук/МВР
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




