НАД 50 ПОЖАРИ ВО ТЕКОТ НА НОЌТА - и понатаму гори на многу локации низ земајва
Објавено во: Македонија 28 Јули, 2025 09:27
Вкупно 51 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, од кои осум се се уште активни, додека други седум се под контрола, а 36 се изгаснати.
Како што утрово објави Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини каде што е зафатена нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.
Потоа во прилепското село Бешиште, место викано Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (општина Новаци) и крак кон границата со Грција (мешана шума).
Активен пожар има помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен во општина Прилеп и Галиште, Трстеник во општина Кавадарци (мешана шума и нискостеблеста вегетација), како и помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа во општина Македонски Брод (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).
Активни се и пожарите помеѓу селата Церово и Групчин во општина Желино (нискостеблеста и деградирана шума); во селото Нерав во општина Крива Паланка (висока борова шума); во кичевското село Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума) и во селото Ќосевица во општина Македонска Каменица (борова шума).
ЦУК извесува за седум пожари кои се под контрола: во селата Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Руѓинце во општините Старо Нагоричане и Куманово – со ширење кон селата Димонце и Коњух во општина Кратово (ниска вегетација); селата Средно и Долно Коњаре во општина Петровец (мешана шума); во истата општина под контрола е и пожарот во Катланово (ниска вегетација); село Грешница
во Македонски Брод (мешана шума и сува трева) и село Латово, исто така во општина Македонски Брод (ниска вегетација и деградирана шума); помеѓу селата Драгоево и Селце во општина Штип (нискостеблеста шума, прнар и сува трева) и во село Јунузлија во општина Карбинци (шума).
Изгаснати се 36 пожари во села и локации во општините Шуто Оризари, Арачиново, Сарај, Зелениково, Битола, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Струмица, Василево, Гевгелија, Охрид, Струга, Кичево, Македонски Брод, Велес, Свети Николе, Пробиштип, Куманово, Липково, Брвеница, Боговиње, Гостивар и Врапчиште.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




