НАД 600 МЕДИУМСКИ РАБОТНИЦИ ДЕНЕСКА СЕ ВАКЦИНИРАА: Стратегијата за вакцинирање на работоспособното население ќе дава добри резулати
Објавено во: Македонија 12 Април, 2021 13:30
Во спортската
сала А1 Арена „Борис Трајковски“ денеска почна вакцинацијата на новинарите и
медиумските работници.
Во оваа прва фаза, како што изјави претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, имунизацијата се врши на оние над 40 години, како и на медиумските работници кои имаат хронични заболувања.
-Она што е значајно да се истакне дека сите овие медиумски работници беа во близок контакт со вирусот, имаа многу контакти, со многу луѓе постојано и мислам дека овој тип на заштита е од огромно значење, бидејќи тоа не е само за личното здравјте, туку и за останатите со кои што имаат постојани контакти. Освен тоа, оваа стратегија за вакцинирање на работоспособното население дава добри резулати, истакна Чадиковски.
Тамара Грначаровска од ССНМ изрази задоволство што навистина огромен број се одѕваа на повикот за вакцинација. Рече дека има и колеги кои за жал не ги исполнуваат условите да се вакцинираат во првата група, но како што истакна, се надева дека ќе стигнат и нови пратки вакцини и дека сите ќе може да си го заштитат и сопственто здравје и здравјето на останатите.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




