Надминат е проблемот со автодигалката на Факом и продолжи безбедно работата на објектот Адора FLATIRON Скопје
Објавено во: Македонија 30 Декември, 2015 13:01
Реномираната компанија Факом во текот на минатата ноќ експресно го санира техничкиот проблем на автодигалката на објектот Адора Flatiron Скопје и денес изградбата на овој комплекс, чиј инвеститор е градежниот бренд Адора инженеринг, продолжи непречено и целосно безбедно.
Факом и Адора инженеринг ја известуваат јавноста дека при реализација на инвестициските проекти од градежништвото и високоградбата, не е исклучено да дојде до евентуални проблеми од техничка природа, но тие не треба да се преувеличуваат, драматизираат и непотребно да се создава паника, посебно кога нема никакви штетни последици. Адора инженеринг и Факом им благодарат на медиумите за коректното информирање и на сите кои покажаа разбирање за проблемот, што заедно со стручната интервенција, придонесе техничкиот проблем на автодигалката за брзо време да биде надминат. Објектот Адора Flatiron Скопје продолжува да се гради според зацртаната динамика, стабилност и квалитет.
Факом Скопје и Адора инженеринг секогаш ги сведуваат на минимум ризиците кои се придружна појава во секоја индустрија.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




